Собирање, транспортирање и депонирање на отпад

Одделението за собирање, транспортирање и депонирање на отпад при ЈКП,,Илинден" континуирано и редовно ја следи состојбата со управувањето на отпадот на територијата на Општина Илинден и превзема конкретни мерки за успешна имплементација на законската регулатива во оваа област и подобрување на оперативното работење, воведувањето на нови технологии и техники во работењето и зачувување на животната средина, согласно Гoдишната програма на Општина Илинден за собирање и транспортирање комунален цврст отпад. Одделението редовно и навремено ги извршува работните активности кои опфаќаат собирање на сметот од индивидуалните корисници - домаќинства и од правните субјекти.